Клубовите во Саудиска Арабија се договориле да потрошат уште една неверојатна сума на пари за засилување на статусот на тамошниот фудбалски шампионат. Екипите од Блискиот Исток се очекува да издвојат повеќе од 2 милијарди фунти, за трансфери, плати и такси за агентите кои треба да им донесат фудбалски ѕвезди и за следната сезона.
Минатото лето екипите од оваа земја потрошија 750 милиони фунти за нови фудбалери, а следната сезона ќе одат со тројно поголема сума за да ги убедат и Мохамед Салах и Кевин Де Брујн да се преселат во оваа блискоисточна земја.