Сензација на Австралија опен – Дебитантка ја елиминира најдобрата на светот

1663

Најдобрата тенисерка на светот Ига Швјонтек изгуби од 19-годишната Линда Носкова од Чешка во третото коло на Австралија опен. Чешката тенисерка првпат во кариерата успева да обезбеди настап во сингл во Мелбурн, а сега ја елиминира најдобрата на светот.
Носкова славеше со 2:1 (3:6, 6:3, 6:4).
Во наредната рунда, 50. на ВТА листата Носкова ќе игра со подобрата од дуелот Голубиќ-Свитолина.
Швјонтек по оваа елиминација остана на четири освоени Гренд слем пехари.

ПретходноДенеска на ЕП: Хрватска мора да победи ако сака полуфинале
СледноМакедонија ЃП со реми против Осијек на вториот контролен натпревар