На програмата на следното 15. коло во Првата лига е дерби дуелот меѓу МЗТ Скопје и Работнички. Актуелниот македонски првак е домаќин, но овој меч нема да се игра во СЦ „Јане Сандански“, бидејќи салата ќе биде зафатена, ќе се одржи Европски шампионат во пинг-понг во категорија до 21 година.
Од таборот на Работнички им понудиле на МЗТ Скопје да играат во СЦ „Кале“, но веднаш добиле негативен одговор. И натаму не е познато каде ќе се игра оваа средба.
Токму поради тоа денеска „Сити Парк Бојс“ на дуелот меѓу Работнички и Чаир излегоа со транспарент со пинг-понг.