Со својот прв гол во дресот на Етникос Ахна, нашиот интернационалец Стефан Спировски го спаси својот тим од пораз на денешното гостување кај АЕЛ во рамките на 20. коло во кипарскиот фудбалски шампионат. Етникос во чии редови стартер беше и голманот Богатинов, а во вториот дел од клупата влезе уште еден наш интернационалец, Кире Ристевски, успеа да се спаси од пораз со голот на Спировски во 32. минута.
Ова беше трет меч за Етникос во кој останува непоразен, што секако им дава одлични шанси во битката за што подобра позиција пред стартот на плеј-аутот и битката за опстанок.