ТФТ „лесно“ ги реши „црвено-црните“

76

ТФТ ја оправда улогата на фаворит на скопското дерби против Вардар, славеше со 92-82 во првиот меч од 14-то коло во Првата лига. Тимот од Тафталиџе ја запиша осмата победа оваа сезона, има и шест порази, додека на другата страна „црвено-црните“ кои се борат за опстанок го забележаа 11-от пораз.

Прв стрелец кај победникот беше Ташовски со 27 поени и пет асистенции, на другата страна Атанасов запиша 25 коша.

Домашниот тим мечот го речи во првото полувреме, одигра одлична прва четвртина која ја доби со 27-18, додека на одморот замина со позитива од 49-35.

Вардар се обидуваше да се врати во оваа средба, но тешко одеше, бидејќи противникот знаеше како да ја сочува позитивата до самиот крај.

ПретходноГотово е: Роналдо е нов играч на Шкендија, а Брегалница добива отштета!
СледноКлоп ќе ја исполни најголемата желба на Свен Горан Ериксон чии денови се броени