Унгарија го згасна полуфиналниот сон на Хрватска

169

Вториот натпревар во Келн понуди многу поинтересна завршница. Унгарија успеа да дојде до триумф против Хрватска (29-26) и да продолжи да се надева на пласман во полуфиналето на ЕП. На другата страна за „коцкестите“ останаа без шанси, бидејќи до крај на главната рунда требаше да се да победат за да го остварат големиот сон.

Покрај Бартуц кој имаше 15 одбрани, Имре со седум гола беше прв стрелец кај победникот. На другата страна Лучин и Главаш имаа по пет погодоци.

„Коцкестите“ во првото полувреме само еднаш водеа, на стартот кога со голот на Срна го отворија мечот (0-1). Унгарија ја имаше контролата во овој дел. Со два гола во низа поведе со 7-4, а имаше и позитива од четири гола (9-5). Хрватска успеа да врати и да дојде на 9-8, но не и да направи целосен пресврт, на одморот имаше негатива од 14-13.

Унгарија на стартот на второто полувреме поведе со 15-13, но потоа следеше резултатска нишалка, резултатот постојано се менуваше. Некаде кај 52 минута, Унгарските со два гола во низа поведоа со плус два (23-21), период во кој Хрватите има играч помалку на теренот. Со двата гола во серија на Кларица, Хрватска нешто подоцна се врати, израмни на 25-25 за возбудлив финиш во Келн.

Две грешки на Хрватите, беше повеќе од доволна причина за да Унгарците се вратат на плус два (27-25). Ласло Бартуц беше одличен на голот, имаше 15 одбрани. „Коцкестите“ го загубија здивот во последната минута и пол, наместо да намалат на еден гол негатива, примија гол за 28-25. Тука беше и јасно дека овој меч ќе заврши со едно сценарио.

Пред комплетирањето на ова коло, Франција има шест бода, додека Унгарија има четири. Австрија има три бода пред пресметката со Германија која има два бода.

ПретходноЈусуфи последно засилување за Воска Спорт
Следно„Лавиците“ од Ѓорче Петров заверија четвртфинале во Европскиот Куп