Пелистер во продолжение на сезоната ќе влезе во многу новитети. Раководството на клубот се заблагодари на неколку играчи, а сега веќе е одлучено новиот капитен на актуелниот македонски првак да биде Филип Кузмановски.
Македонскиот репрезентативец во Битола се врати од Вецлар, и во неколкуте меча што ги одигра беше вистинско освежување. Тој ја презема капитенската улога од Жарко Пешевски.
Во составот за Пелистер за продолжение на сезоната ќе го гледаме и Дејан Манасков.