Франција доминантно против Исланд (ВИДЕО)

88

Франција демонстрира сила против Исланд. Актуелниот олимписки првак на дело покажа зошто е еден од главните фаворити за медал на Европското првенство го совлада Исланд со убедливи 39-32.

Сите играчи кои се најдоа на листата за оваа средба постигнаа гол, најефикасни беа Фабрегас и Ричардсон со по шест гола, а по пет постигнаа Ремили и Дика Мем. Кај Исланд, Видарсон и Кристијансон постигнаа по шест погодоци.

Ракометарите на Франција лесно го урнаа отпорот на Исланд, по последните плус четири со серија од 4-0 поведе со 8-4 и од овој момент ја зема контролата на мечот во свои раце. Најголемата предност во првото полувреме изнесуваше пет гола (12-7). На одморот беше 17-14.

Исланд немаше сили ниту во продолжение, едноставно Франција му дозволуваше да игра колку што сака. Ракометарите на Исланд останува да ја паметат маестралната акција од првиот дел.

Один Тор Рикардсон не само што полета од крило, туку исландското десно крило велемајсторски, со шут зад грб додека беше во воздухот успеа да го изненади францускиот голман.

ПретходноДимитријевиќ: Многу е полесно кога имаш татко кој е голем стручњак!
СледноПознато е зошто во С.Арабија се бесни на Бензема