Чешмеџиев потпиша кај Ѓоко во Хаџер

1014

27-гпдишниот централен дефанзивец, Константин Чешмеџиев е нов фудбалер на саудискиот второлигаш Хаџер. Тимот кој е предводен од македонскиот стратег Ѓоко Хаџиевски го ангажираше некогашниот првотимец на повеќе макеоднски прволигаши, кој првиот дел од оваа сезона го помина во составот на Влазнија во Албанија.

Чешмеџиев ќе биде добро освежување за Хаџер кој под водство на Хаџиевски се обидува да го задржи опстанокот во саудиската Дивизија 1. Моментно тимот е на 15. место во лигата.

ПретходноЈуниорите поразени од Грција, утре против Турција за пласман на 3. место на БП
Следно„Баделки“ славеа во големото дерби со шампионот Баскет Кам