Македонскиот фудбалски првак Струга Трим Лум утринава пристигна во Анталија каде ќе ја одработи втората фаза од подготовките за пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ. Струга одработи дел од подготовките во Македонија, го победи Караорман со 4:1 во пријателски меч, а сега следуваат посериозни тестови.
Тимот предводен од Шпетим Дуро првиот меч во Анталија ќе го одигра со руски Оренбург на 23 јануари, потоа следуваат полска Арка на 27 јануари, па украински Черноморец на 29 јануари. Со Лоѓ играат на 2 февруари.