Јунајтед му го „украде“ директорот на Сити: Омар Берада е нов директор на „Олд Трафорд“

2020

Манчестер Јунајтед вечерва објави дека Омар Берада е назначен за нов извршен директор.

„Клубот е решен да ги врати фудбалот и перформансите на теренот. Назначувањето на Омар го претставува првиот чекор на ова патување. Како еден од најискусните фудбалски директори во врвот на европскиот фудбал, Омар ќе донесе богатство на фудбалската и комерцијална експертиза, со докажано искуство за успешно лидерство и страст да помогне во водството на промените низ клубот“, се вели во клупското соопштение на Манчестер Јунајтед.

Интересно е што Берада во моментов работи како главен фудбалски оперативен директор на „Сити Фудбал Груп“ во чиј состав е големиот градски ривал на Јунајтед, Манчестер Сити, како и уште други 10 клубови на пет континенти. Претходно Берада работеше и во Барселона.

ПретходноМилан со голем пресврт до победа во Удине (ВИДЕО)
СледноЃоковиќ завери 1/4 финале во Мелбурн и одигра меч кој не е виден повеќе од 50 години