Јуниорите поразени од Грција, утре против Турција за пласман на 3. место на БП

189

Машката јуниорска одбојкарска репрезентација на Македонија загуби со убедливи 0:3 (15-25, 15-25, 15-25) од селекцијата на Грција во вториот меч од грипата „А“ на зонските квалификации за ЕП во Струмица. Избраниците на селекторот Санев по победата над Косово вчера, денеска во дуелот со фаворитот Грција не успеаја да направат изненадување, иако посакуваа макар еден освоен сет.

Грција ја покажа својата доминација во оваа возрасна категорија за играчи до 18 години и во сите три сета доминираше. Тоше Ефремов со 12 реализирани поени и денеска беше лидер во нашиот тим, каде 4 поени освои и Филип Петрушевски.

Македонија го освои второто место во групата, па утре во битката за пласман на 3. место на Балканското првенство за противник ќе ја има селекцијата на Турција. Турците во групата „Б“ завршија втори зад Романија, а пред селекцијата на Србија.

Романија и Грција ќе се борат и за балканската титула.

ПретходноЛајпциг загуби иако водеше двапати, Елмас повторно доби само 10-тина минути (ВИДЕО)
СледноЧешмеџиев потпиша кај Ѓоко во Хаџер