Драма во „Ланксес Арена“: Австрија од плус „пет“ до реми против Германија!

254

Уште еден одличен натпревар се одигра во „Ланксес Арена“. Австрија останува да жали што не успеа да дојде до целиот плен против домаќинот на ЕП, Германија. Имаше водство од пет гола, но во последните десет минути беше без постигнат гол, на крајот оваа средба заврши 22-22. На крајот Австрија се радуваше на бодот, бидејќи има четири бода исто колку и Унгарија, и останува за место во полуфиналето.

Покрај голманот Местл кој имаше 17 одбрани, Билик беше прв стрелец со пет гола кај Австрија. Во редовите на Германија, Кнор имаше шест погодоци.

Австрија успеа да го издржи притисокот во преполната сала. По воведните минути кои без изедначи успеа прво да се дојде до позитива од три гола (5-8), а потоа на двапати да поведе со плус четири (6-10 и 7-11) и покрај тоа што Волф беше на ниво на задачата.

На одморот, Австрија замина со водство од 11-12 и не застана во продолжение. Речиси на средината на второто полувреме, повторно имаше највисоки плус четири (15-19).  Германија шест минути без гол. Хане конечно го прекина молкот во своите редови, но на другата страна противникот беше во вистински ритам. Волф спречи негативата да отиде на плус пет, на другата страна Местл фати седмерец, а Вагнер зголеми на 16-21.

Голманот на Австрија продолжи да царува на својата мрежа до 51. минута имаше 17 одбрани. Пајовиќ од непознати причини се одлучи за игра седум на шест, што пак не вроди плод, неговиот тим влезе во серија на грешки и го врати противникот во игра. Германија со серија од 4-0 изедначи на 22-22, Австрија цели десет минути беше без постигнат гол, не искористи напад за победа, на крајот дуелот заврши без победник.

ПретходноСпировски со гол-првенец му донесе бод на Етникос (ВИДЕО)
СледноСаудијците планираат да потрошат 2 милијарди фунти за нови засилувања следното лето!?