Фудбалерите на Милан со пресврт го совладаа Удинезе на гости со 3:2 во натпреварот од 21. коло на италијанската Серија А.
Во 32. минута Милан дојде во водство, откако левиот бек на гостите Тео Хернандез испрати центаршут по земја, а Рубен Лофтус-Чик погоди за „росонерите“. Само неколку минути подоцна беа видени срамни сцени кога навивачите на Удинезе на расна основа го навредуваа црномурениот голман на Милан, Мајк Мањан, а тој револтиран реши да го напушти теренот, па средбата беше во прекин.
Кога играчите се вратија на теренот, Лазар Самарџиќ во 42. минута му донесе израмнување на Удинезе. Флоријан Тован донесе целосен пресврт за домашните откако погоди во 62. минута.
Тренерот на Милан Стефано Пиоли реагираше и во игра го внесе Ноа Окафор, а потоа и Лука Јовиќ. Токму тие двајца донесоа голем пресврт. Милан израмни во 83. минута кога по ударот на Жиру топката ја погоди гредата, а на неа налета Јовиќ и ја смести во мрежата.
Ноа Окафор, во самата завршница кој по еден корнер успеа во 93. минута да го постигне победничкиот гол за гостите.