Не е ни првотимец во третолигаш, а Реал сака да го донесе во своите редови

1126

Младиот, 19-годишен фудбалер на третолигашот Кастељон, Жереми де Леон ќе се пресели во Реал Мадрид. За овој играч од Порторико се интересираа и Виљареал и Валенсија, но Реал е најблиску до него (потпишува договор до 2026 година).
Игра како десно крило, а може да игра и како полушпиц. Тој нема загарантирано место во првиот тим на Кастељон затоа што во просек има 32 минути во 14 настапи оваа сезона и само една асистенција. Реал во него препознал талент кој се исплати да го надоградува. Реал би го искористил во Б тимот под раководство на Раул, каде што ќе се види дали може да напредува.
Реал во својата историја имал само еден фудбалер од Порторико. Едуардо Ордонез кој играл во 20-тите години на минатиот век.

ПретходноСелектор доби отказ затоа што рече дека Мароко го контролира фудбалот во Африка
СледноГотово е: Роналдо е нов играч на Шкендија, а Брегалница добива отштета!