Фудбалерот на Ливерпул и еден од најдобрите напаѓачи на светот Мохамед Салах се повреди на мечот на својот Египет со Зеленортските острови кој заврши 2:2 во рамките на Африканскиот куп на нациите. Тој побара измена поради повреда на задната ложа, а сега е познато и колку ќе отсуствува.
„Повредата на Мо Салах пради истегнување на мускул на задната ложа значи дека тој ќе мора да пропушти два меча во Купот на африканските нации против Зеленортските острови и мечот во осминафиналето доколку екипата избори пласман таму“, соопштија од Фудбалската федерација на Египет.
Тоа се добри вести за Јирген Клоп и Ливерпул кои стравуваа повредата да не е посериозна. Ако Египет испадне од групната фаа, тоа значи дека Салах може да игра против Челзи на 31 јануари.