27-гпдишниот централен дефанзивец, Константин Чешмеџиев е нов фудбалер на саудискиот второлигаш Хаџер. Тимот кој е предводен од македонскиот стратег Ѓоко Хаџиевски го ангажираше некогашниот првотимец на повеќе макеоднски прволигаши, кој првиот дел од оваа сезона го помина во составот на Влазнија во Албанија.
Чешмеџиев ќе биде добро освежување за Хаџер кој под водство на Хаџиевски се обидува да го задржи опстанокот во саудиската Дивизија 1. Моментно тимот е на 15. место во лигата.