Шампионот замина за Анталија на подготовки (ФОТОГАЛЕРИЈА)

398

Македонскиот фудбалски првак Струга Трим Лум утринава пристигна во Анталија каде ќе ја одработи втората фаза од подготовките за пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ. Струга одработи дел од подготовките во Македонија, го победи Караорман со 4:1 во пријателски меч, а сега следуваат посериозни тестови.
Тимот предводен од Шпетим Дуро првиот меч во Анталија ќе го одигра со руски Оренбург на 23 јануари, потоа следуваат полска Арка на 27 јануари, па украински Черноморец на 29 јануари. Со Лоѓ играат на 2 февруари.

ПретходноПознато е колку ќе отсуствува Салах поради повредата
СледноЧетворицата поранешни играчи на Барса првпат заиграа заедно за Интер Мајами (видео)