Фатјон Јусуфи е најновото име во составот на Воска Спорт. Како што објавија од клубот денеска, досегашниот фдубалер на шампион Струга Трим Лум, кој во првите 6 месеци од новата сезона играше за Гостивар, сега се сели во Охрид. Според раководството на охриѓани, со доаѓањето на Јусуфи полека се заокружи тимот за вториот дел од сезоната, иако не е исклучено да има уште некое дополнително име за вториот дел.
Јусуфи поголемиот дел од кариерата го помина во домашното првенство во Ренова, а во странство имаше две кратки авантури во Албанија.