Данска е првата репрезентација на Европското првенство која уште денеска може да завери билет за полуфиналето. Оваа селекција има максимален скор, па со триумф на пресметката против Норвешка (20:30 часот) ќе патува меѓу четирите најдобри репрезентации.
Во оваа група 2, само една селекција ги загуби сите шанси да се најде во полуфиналето, тоа е Холандија нема ниту еден бод, па до крај ќе игра за подобра позиција и чест. Холанѓаните ќе ги одмерат силите против Словенија, која има два бода и се уште верува во чудо. Мечот е закажан во 15:30 часот.
Доста интересно ќе биде и на втората средба од оваа група. Актуелниот првак и Португалија ќе играат за полуфинале, а правдата на оваа средба ќе ја делат македонските судии, Ѓорѓи Начевски и Салве Николов.