Охрид со триумф во дербито на дното!

115

Охрид на свој терен со 74:72 успеа да го победи Кожув во дербито на дното во нашата кошаркарска елитна лига. Ова беше израмнета битка, и двете екипи ја посакуваа победата која и тоа како беше важна за двете екипи, сепак на крајот Охриѓани се радуваа.

По првото полувреме Охрид замина со предност, но Кожув секогаш тука беше резултатски. Во финишот драма, сепак на крајот Охрид успеа да оствари екстра значајна победа.

Кај домашните Андерсон и Димовски постигнаа по 16 поени, додека кај гостите од Гевгелија најефикасен беше Караџовски со 21 поени.

Ова за Охрид беше втора победа во последните три кола, а за Кожув беше четврти пораз во серија.

ПретходноЈуниорите завршија на 4. место на зонските квалификации за ЕП
СледноФеран Торес со меч на кариерата и со хет-трик за победа на Барса и за спас на Чави! (ВИДЕО)