Австриецот направи чудо и ги остави Словенците без злато (ВИДЕО)

3614

Светскиот куп во ски скокови денеска продолжи во Закопане, Полска, каде се одржа првото тимско натпреварување сезонава, но и нова станица на турнејата во Полска, која завршува во недела на истото место, но овој пат со поединечна конкуренција. . Победници се Австријците кои во тензична битка ги совладаа Словенците.

За победниците скокнаа Михаел Хајбоек, Мануел Фетнер, Јан Хоерл и Стефан Крафт, додека за Словенците настапија Ловрко Кос, Домен Превц, Петер Превц и Анже Ланишек. Клучен момент се случи во втората серија. Кога сите очекуваа судир меѓу Крафт и Ланишек, Хејбоек направи мини-чудо.

Најслабо рангираниот скокач на австриската репрезентација го изведе скокот на денот. Прелета дури 142,5 метри што ги остави Словенците во неверување, но и без злато. Тоа е и рекорд во кариерата за австрискиот скокач.

ПретходноПерковац: Немаше да ги победиме Унгарците и да игравме уште два часа
СледноЛазаров до Хрватите: Ако некој одлучеше да одиграте помудро со Франција – ќе беше државен непријател!