Карло Анчелоти: Сите одлуки на мечот беа правилни!

620

Реал Мадрид во контроверзен меч успеа со 3:2 да слави над Алмерија. Цел фудбалски свет е во шок, посебно кога станиува збор за ВАР одлуките а најмногу по она играње со рака на Винициус за 2:2.

Секако дека и Карло Анчелоти, стратегот на Реал Мадрид, беше прашан за неговото мислење околу судиските одлуки:

Го разбирам гневот на Алмерија, но според мене сите одлуки на ВАР беа исправно досудени, беа правилни. Ги видов сите ситуации. Видете, ВАР реагира, предупредува а судијата ја носи одлуката и според мене сите беа исправно досудени“ посочи Дон Карло.

ПретходноДанска и Шведска и дефинитивно во полуфиналето на ЕУРО 2024!
СледноЛесно му е на Јуве кога го има Влаховиќ! (ВИДЕО)