Лазаров до Хрватите: Ако некој одлучеше да одиграте помудро со Франција – ќе беше државен непријател!

4671

Македонскиот селектор, Кирил Лазаров за „Индкес.хр“ ги анализираше случувањата во хрватската репрезентација која по поразот од Унгарија остана без вистински шанси за пласман во полуфиналето.

„Моето мислење е дека Хрватска премногу потроши со Франција. Не е лесно да се игра турнирски систем, особено е тешко на Европските првенства. Зошто ги апострофирам Французите? За вас Хрватите тој натпревар е нешто посебно, сите знаеме зошто и колку трае ова ривалство. Ако некој од штабот воопшто сугерираше дека можеби треба против Франција да играте попаметно, помудро и поопуштено, а да се фокусирате на Унгарците, тој веројатно веднаш ќе биде прогласен за државен непријател во Хрватска“, смета Лазаров.

Во својата анализа најдобриот македонски ракометар на сите времиња порача дека Хрватска има иднина. Целиот разговор можете да го прочитате на следниот ЛИНК. 

ПретходноАвстриецот направи чудо и ги остави Словенците без злато (ВИДЕО)
СледноНавивачите на Рома му се поклонија на Жозе Мурињо