Ливерпул си гази: Дарвин и Жота го “масакрираа“ Борнмут во второто полувреме! (ВИДЕО)

110

Во меч од 21.коло во Премиерлигата, доцна попладнево Ливерпул на гости кај Борнмут покажа едноставно сила и победи со убедливи 0:4, иако играше без Мохамед Салах, кој е повреден и кој е со својата репрезентација на АКН.

Момците на стратегот Јирген Клоп во 49.минута со голот на Дарвин Нуњез. Домашните не беа така лоши, но во второто полувреме “Редси“ покажаа кој е кој.

На 0:2 зголеми Диого Жота во 71.минута а на 0:3 зголеми истиот играч. На 0:4 со гол нов гол за Дарвин во таа 90+4.минута.

Со овие нови три бода Ливерпул има 48 бода и натаму е лидер, пет повеќе од второпласираниот Манчестер Сити и меч повеќе.

Арсенал е трет со 43 бода, исто толку има и Астон Вила.

Претходно„Тајмс“: Мурињо ќе оди на ручек со првиот човек на Наполи
СледноШведска ја победи Португалија и е на чекор до 1/2 финалето, Начевски и Николов уште еднаш на ниво!