Лудило во Шефилд: Вест Хем остана без победа во 103-тата минута

123

Фудбалерите на Шефилд Јунајтед во 103-тата минута израмнија и извадија реми против Вест Хем 2:2, во 21. коло од англиската Премиер лига.

Натпреварот го одбележа целосно лудило во второто полувреме, каде беа покажани два црвени картони, а имаше и два пенали. Вест Хем поведе со голот на Корнет во 28. минута, но во самиот финиш на првото полувреме израмни Дијаз за Шефилд Ј.

Во 78. минута судијата досуди пенал за гостите, а Вард-Праус погоди за водство на „чеканите“ од 1:2. Пото почна лудилото. Во првата минута од судиското надополнување, Брустер доби директен црвен картон, а шест минути подоцна Вест Хем остана со десет играчи, кога Цуфал за само три минути доби два жолти картони.

Во последните моменти од судиското надополнување, Ареола непрописно стартуваше во шеснаесетникот, а судијата досуди пенал за Шефилд. Мекбарни погоди за конечни 2:2.

ПретходноНеделен шок во Минхен: Вердер го остави Баерн (М) без титула? (ВИДЕО)
Следно“Лавовите“ со ново засилување: Павишиќ од Самтредија на Капинковски во Ѓорче! (ФОТО)