Мурињо само под еден услов може да седне на клупата на Ал Шабаб

1166

Жозе Мурињо е подготвен да ја прифати понудата на клубот од Саудиска Арабија, Ал Шабаб. Португалецот пред неколку дена доби отказ од Рома, но веднаш доби примамлива понуда да ја продолжи кариерата на Арапскиот Полуостров.

Ал Шабаб води преговори, а Мурињо се согласува да застане на чело на тимот, но под еден услов. Специјалниот сака да донесе неколку регрути со ѕвезди.

Ал Шабаб е на 11-то место во рангирањето на SPL. Саудискиот клуб му пристапил на Мурињо пред неколку недели, но неговата намера била да го исполни договорот со Рома. Сепак, управата на „волците“ го ослободи на 16 јануари и на негово место го назначи Даниеле Де Роси.

ПретходноФранцузинот сам си фати сеир по првите два сета против Ноле, веќе во третиот доби овации (ВИДЕО)
СледноПерковац: Немаше да ги победиме Унгарците и да игравме уште два часа