Големо изненадување се случи на денешниот дуел од 18. коло во германската Бундеслига. Баерн во Минхен загуби од Вердер со 0:1 и само дополнително му даде предност на лидерот Баер (Л) во трката за титулата.
Со овој пораз, Баерн заостанува седум бода зад лидерот Баер и ќе има исклучително тешка задача да го одбрани шампионскиот наслов.
Вердер уште од почетокот навести отворена игра, а поведе во 25. Минута, но ВАР го поништи голот поради прекршок. Првото полувреме беше доста активно на двете страни, а во средината на првото полувреме видовме еден од потезите во сезоната.
Вистинската магија во 24. минута под диригентство на голманот на Баерн, Мануел Нојер, кој уште еднаш покажа зошто е најдобар голман на светот. Имено, по ударот на Вајзер, топката удри во играч на Баерн, го смени правецот и сите ја видоа во голот. Сепак, Нојер направи феноменална парада која ги остави без зборови сите на теренот.
Гостите подобро го започнаа вториот дел, а наградата стигна во 59. минута кога Вајзер погоди за 0:1. До крајот на натпреварот Баерн имаше неколку шанси, но не успеа да израмни.