Српскиот кошаркар Никола Топиќ би можел да биде прв пик на драфтот во НБА во 2024 година.
По феноменалниот старт на сезоната во дресот на Мега, суперталентираниот плејмејкер се врати во Црвена звезда каде одигра неколку натпревари пред да се повреди. Сепак, неговата повреда немаше големо влијание врз тоа како е оценет од американските скаути.
Згора на тоа, се погласни се шпекулациите дека Топиќ би можел да биде прв пик на претстојниот драфт во НБА лигата, а до лето ќе видиме дали ситуацијата ќе се промени.
Никола Топиќ во текот на годината скокна од втората рунда на драфтот во Топ 10.
Топиќ маестрално ја извршува улогата на стартен плејмејкер за Мега, иако е најмладиот играч во тимот роден е на 10 август 2005 година. Аргументот дека ќе биде прв пик лежи во неговата одлична сезона во АБА лигата, каде низ 10 натпревари имаше просек од 18,9 поени, 6,8 асистенции, 3,2 скока и 1,1 украдена топка по натпревар, а шутираше со 52% успешност од поле. Тој го има третиот индекс за најдобар играч, популарна вкупна метрика во европската кошарка.
Nikola Topic, one of last year´s #AdidasNGT sensations with @kkcrvenazvezda, takes the spotlight in the eighth and last teaser of the ANGT documentary 👀👇
Stay tuned as the full piece in collaboration with @SkweekTV lands tomorrow ⏳ pic.twitter.com/io3lteuOO1
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) January 21, 2024