РЕАЛ(ВАР) од 0:2 до 3:2 со победнички гол во 90+10.минута на “Сантијаго Бернабеу“! (ВИДЕО)

1227

Победа на Реал Мадрид од 3:2 против Алмерија во меч од 22.коло во Ла Лига, на дуелот меѓу првиот и последниот на табелата, а последниот уште нема победа досега. И тоа со победнички гол во 90+10.минута на Карбахал.

Победа за Реал Мадрид и тоа во многу инересен и контроверзен меч.

Сепак на крајот бодовите останаа на “Сантијаго Бернабеу“.

На полувреме гостите водеа со 0:2 и тоа со головите на Рамазини во 1. и Гонзалез во 43.минута. Кој ли само можеше да претпостави.

И тогаш на сцена во второто полувреме стапи ВАР. Прво во 56.минута реагираше за пенал за Реал, а Белингем намали на 1:2. Потоа шест минути подоцна Арибас стрелаше, но ВАР “рече“ дека тој гол не важи. На 2:2 израмни Винициус во 67.минута, но и тука ВАР рече дека има гол, иако се чини дека Бразилецот играше со рака.

Во 77.минута конечно ВАР е “против“ Реал, ама ова беше очигледен офсајд и затоа и да сакаше не можеше да го потврди голот на Белингем.

По истекот на 90.минута при резултат 2:2 беа покажани дури 11 минути судиско продолжение. Во 90+10.минута очекувано гол за Реал Мадрид по асистенцијата на Белингем и по голот на Карвахал.

Второто полувреме се играше 45+15.минути….

Се разбира дека по овој меч јавноста во Шпанија, посебни фановите на Барселона, Џирона, Атлетико Мадрид ќе збеснат како тоа Реал остана непоразен од Алмерија и се поради ВАР или судиските одлуки.

Претходно“Лавовите“ со ново засилување: Павишиќ од Самтредија на Капинковски во Ѓорче! (ФОТО)
СледноШкендија го договори Фитон Адеми од Беса!