Рубљев по четири часа го совлада Де Минор и закажа четвртфинале со Синер

103

Рускиот тенисер Андреј Рубљев се пласираше во четвртфиналето на Австралија опен откако во пет исцрпувачки сета го порази Алекс де Минор. Ова беше 300. победа за Рубљев на Грен Слем турнирите доволна за пласман во 10-тото четвртфинале во кариерата.

Петтиот играч во светот славеше по повеќе од четири часа борба со 3:2 – 6:4, 6:7 (5), 6:7 (4), 6:3, 6:0. Противник во борбата за место меѓу четирите најдобри ќе му биде Јаник Синер, кој претходно денеска со 3:0 се „прошета“ во дуелот со Хачанов.

Четвртфиналниот дуел меѓу Синер и Рубљев е закажан за во вторник.

ПретходноЈуве го праќа Кин на позајмица во Атлетико (М) за 400.000 евра
СледноЕХФ порача: Заборавете ги Волф, Варгас и Ландин, погледнете го Местл (ВИДЕО)