Словенија по низа од два порази успеа да победи во Хамбург во третиот меч од втората фаза на ЕП. Избраниците на Урош Зорман со 37:34 ја совладаа Холандија и остануваат во игра за 5. место на шампионатот, а со тоа ја задржуваат надежта и за пласман на Олимписките игри.
Холанѓаните почнаа подобро, водеа со 5:3, но Словенците редовно доаѓаа до пресврти, за на полувреме да заминат со предност од 19:13.
На почетокот на вториот дел Словенците зголемија на +8 (24:16) што и ја најави победата.
Тројца ракометари на Словенија постигнаа по 6 гоал (Цехте, Маргуч и Хорзен), додека кај Холандија, неверојатниот Верштајнен постигна 15 гола!