Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хег, повторно сака да донесе играч од некогашниот негов клуб Ајакс, во дресот на Манчестер Ј. Станува збор за напаѓачот на Ајакс, Брајан Броби кој би можел да дојде со комплетен договор во дресот на „црвените ѓаволи“.
21-годишниот Броби е во плановите на Тен Хег уште од летото, а контактот меѓу двајцата не престануваше цело време. Новинарот Флоријан Платенберг пишува дека Тен Хаг инсистира Броби да дојде уште оваа зима, но доколку Ајакс не го пушти, тогаш трансферот би се реализирал на лето.
Броби оваа сезона има 13 гола и 4 асистенции, а неговиот договор со клубот од Амстердам е до летото 2027 година.