Тренерот на Чаир збесна сакаше да ги повлече играчите (ВИДЕО)

1753

Работнички дојде до десетата победа оваа сезона, откако на домашен терен го совлада Чаир со 84-70 во меч од 14-то коло во Првата лига. На нецели шест минути до крајот, тренерот на гостинскиот состав, Ерхан Рамадан збесна по една судиска одлука. Неговиот тим реализираше за 74-64, а Мустафица заработи техничка грешка.

Следеа хаосни минути, техничка грешка заработи клупата на Чаир и Рамадан. Во еден момент стратегот на гостите ги повика играчите на клупа, иако не побара тајм-аут, се доби слика дека сака да го повлече тимот, но брзо се смирија страстите, а мечот продолжи.


ПретходноНавивачите на Рома му се поклонија на Жозе Мурињо
СледноДанска уште денеска може да завери полуфинале на ЕП!