Вечерва Феникс 2010 успеа со 109:76 да слави над ФМП Академија. Сепак во преден план е настапот на Бојан Трајковски, кој се впиша во историјата на мак – кошарката. Тој е првиот кошаркар кој успеал во една сезона да дојде до два трипл-дабл. Инаку Трајковски забележа 19 поени, 10 скокови и 11 асистенции кај победничкиот тим.
Во ниту еден момент не доаѓаше во прашање победата на домашниот состав. Во текот на целиот меч одиграа кошаркарите на Феникс 2010 квалитетно, знаеја што сакаат и на крајот заслужено победија.
Покрај Трајковски забележителен настап имаше Рис со 24 поени, додека кај поразениот состав Масевски и Петровски завршија со по 19 поени.