Шведска со 40:33 успеа да ја победи Португалија, во меч од групата-2 на ЕП 2024 во главната рунда, па така сега е на чекор до пласман во полуфиналет. Шведска си ја покажа силата, европскиот првак ја оправда улогата на фаворит, беше далеку подобра од селекцијата на Португалија и апсолутно заслужено триумфираше.
Интересно ова беше меч со постигнати 73 голови, на пауза се замина со резултат 19:15 а второто заврши со резултат 21:18, па така со вкупни 40:33 освои нови два бода.
Најефикасен кај победникот беше Пелас со 10 голови, додека кај Португалците Фраде стрелаше прецизно 7 пати.
Да кажеме дека нашата судиска двојка Николов – Начевски уште еднаш покажаа зошто се едни од најдобрите, ако не и најдобри, судии во ракометниот свет.
Едноставно беа на високо ниво како и секогаш.