Шкендија не застанува. Тетовци го договорија и Фитон Адеми (21), напаѓачот на Беса, инаку најдбар фудбалер на есенскиот првак во ВМФЛ. Инаку Адеми е дете на Шкендија, во 2021 направи трансфер во Струга ТЛ, потоа играше и за Воска, а во Беса дојде минатото лето и беше еден од најзаслужните за одличните игри и резултати со што стана и есенски шампион во ВМФЛ.
Јасно е дека во Шкендија сакаат со Адеми и тоа како да ја зголемат конкуренцијата во тимот. Очигледно е дека Шкендија не се шегува.
Деновиве ќе следува и промоција на новото засилување на Шкендија.