Ѓоковиќ: Повеќе не играм за пари или за бодови!

1402

Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Австралијан Опен, откако во три сета го совлада Адријан Манарино со 3-0. По овој дуел српскиот тенисер по мечот зборуваше за неговиот пристап на мечевите, тој потенцира дека не игра поради пари.

„Мислев дека оваа година ќе се чувствувам поопуштено. Сепак, не е така, секогаш е како што беше, со многу напнатост. И денес имав дискусии со моите луѓе. Секогаш сакам совршен настап. Кога тоа не се случува, јас се фрустрирам. Огнот во мене сè уште гори, мислам дека тоа е она што ме доведе до она што го постигнав. На крајот на денот, не играм повеќе затоа што ми требаат повеќе пари или бодови, туку затоа што сакам да играм. Мислам дека нема да можам лежерно да излезам на теренот и да се забавувам. Тоа не сум јас. Јас сум голем конкурент. Тоа е мојот стил“, изјави Ноле.

Во четврт-финалето ќе игра против Тејлор Фриц.

„Имам желба да играм како што играв денес. Тоа е мојата најголема желба, да се одржи континуитетот. Да извлечам максимум од себе. Ќе имам уште малку време, но добро е што кратко бев на теренот. Имам одличен рекорд со него, последен пат го победив во четвртфиналето на УС Опен. Знам што да правам. Ако сум на моето ниво, мислам дека имам многу добри шанси за победа. Топката е тркалезна (се смее), како што велат во фудбалот“, заврши Ѓоковиќ.

ПретходноЕХФ на Начевски и Николов им додели дуел за полуфинале
СледноЛилард и Адетокумбо ги уништија Пистонси (ВИДЕО)