Ѓоковиќ завери 1/4 финале во Мелбурн и одигра меч кој не е виден повеќе од 50 години

2543

Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Австралија опен откако убедливо го совлада Адријан Манарино. Бранителот на титулата на првиот Грен слем тениски турнир во сезоната му препушти само три гема на 19-то рангиран тенисер во светот. Мечот заврши 6:0, 6:0, 6:3 за само 104 минути.

Ѓоковиќ со оваа победа постигна невиден подвиг. Тој стана првиот тенисер кој не испуштил ниту еден гем во првите два сета на еден Грен слем турнир на противник од најдобрите 20 во светот од воведувањето на АТП рангирањето во 1973 година.

Исто така, по 58-ми пат во кариерата стигна до четвртфиналето по четири од најсилните турнири и со тоа го израмни рекордот што претходно го држеше Роџер Федерер.

Да додадеме уште дека од 2015 година на гренд слем турнирите не е одигран меч во кој победникот загубил три или помалку гема од поразениот, а поразениот тенисер е меѓу 20-те најдобри во светот. Последен пат тоа се случи пред девет години на УС Опен, кога Ѓоковиќ го победи Марин Чилиќ со 6:0, 6:1, 6:2 во полуфиналето на турнирот.

Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе игра против Тејлор Фриц.

ПретходноЈунајтед му го „украде“ директорот на Сити: Омар Берада е нов директор на „Олд Трафорд“
СледноЕХФ на Начевски и Николов им додели дуел за полуфинале