Јуниорите завршија на 4. место на зонските квалификации за ЕП

227

Машката јуниорска репрезентација на Македонија за играчи до 18 години заврши на 4. место во зонските квалификации за ЕП 2024, кои воедно се и Балканско првенство во оваа возрасна категорија. Денеска во мечот за 3. место, Турција славеше против избраниците на Ванче Санев со 0:3 (20-25, 15-25, 16-25). Во првиот сет нашите момци одиграа одлично и успеаја одлично да им парираат на Турците. Во следните два сета противникот беше доминантен. Тоше Ефремов со 12 поени и денеска беше најдобар поентер во нашата сечекција, додека Јован Милев реализираше 8 поени. Филип Петрушевски заврши со 6 поени.

ПретходноСветот во шок: Невидена кражба на Бернабеу! Еве како Винициус со рака дава гол! (ВИДЕО)
СледноОхрид со триумф во дербито на дното!