Лапорт за Саудиска Арабија: Ниту ни помогнаа да се адаптираме, ниту знаат како се водат клубови

4392

Шпанскиот репрезентативец Ајмерик Лапорт изјави дека разочарувањето кај многу европски фудбалски професионалци кои дојдоа во Саудиската Про лига не е случајно. Во интервју за шпанскиот весник „Ас“, Лапорт вели дека домаќините во С. Арабија не направиле ништо за да го олеснат адаптирањето на странците кон животот и фудбалот таму.

„Уште кога стигнавме видовме дека ќе биде голема промена. Домаќините не ни олеснија ништо. Всушност, има многу играчи кои се незадоволни. Ова е голема промена во споредба со Европа, но на крајот се работи за адаптација“, вели Шпанецот.

Лапорт во август се пресели во саудискиот клуб Ал-Наср. Таму, меѓу другото, е и соиграч на Кристијано Роналдо.

„И за луѓето кои тука работат во клубовите ова е нешто ново. Никогаш немале толку европски играчи кои имаат долга кариера во врвни клубови. Можеби не се навикнати на ова и треба и тие да се подготват за малку поголема сериозност во пристапот. Не велам дека не се грижат за нас, но тоа е недоволно според мене. Нема да излажам ако кажам дека очекував нешто поинаку, особено кога станува збор за квалитетот на животот во Саудиска Арабија. Тука редовно се случува да поминувате и по три часа дневно во автомобил за да стигнете од едно на друго место“, вели Лапорт.

ПретходноТен Хаг повторно сака да купи играч од Ајакс
СледноСтамениќ од ИМТ Белград е ново име во Брера