Ракометната репрезентација на Хрватска во второто коло од главната рунда на Европското првенство загуби од Унгарија со 29:26 и се доближи до елиминација од турнирот. За избраниците на Горан Перковац да се пласираат во нокаут фазата играта е само теорија.
Предводникот на „коцекестите“ и по оваа средба беше оригинален во својата изјава.
„Не изгледавме добро. Од првата минута, како издувен балон, немавме енергија, глад и желба да победиме на овој натпревар и тоа се покажа. Сакавме да играме брзо, да ги туркаме тие тешки Унгарци на контра, но на крајот беа побрзи од нас. Тоа не ми е јасно. Игравме катастрофално со играч повеќе, овој меч да траеше уште два часа немаше да ги добиеме. Едноставно, недоволно за победа.
Никој од играчите не го даде тоа што го даде претходно и нашата енергија беше на вкупна нула. Направивме поголем притисок за да ја изведеме оваа генерација, но не успеавме.
Сепак, имаме уште два натпревари против Исланд и Германија. Имаме многу мотив во тие два натпревари да се бориме за 5. место, да направиме солиден, можеби не премногу добар, но солиден резултат“, изјави Перковац по натпреварот.