Урош Стамениќ е уште едно ново име во екипата на Брера Струмица. Станува збор за 27-годишен фудбалер кој потекнува од школата на ФК Војводина, а кој во Струмица доаѓа од екипата на ИМТ Белград.
За екипата на ИМТ во есенскиот дел има одиграно 16 натпревари при што запиша еден гол и една асистенција.
„Еден нов предизвик за мене. Доаѓам во една здрава средина и стабилен клуб кој има високи амбиции. Имаме исти размислувања и лесно се договоривме околу соработката. Останува на терен да ги оправдам очекувавањата на тренерите и на луѓето од клубот и верувам дака ќе направиме одличен резултат. Мислам дека овој проект е еден од најпрогресивните фудбалски проекти во регионот и драго ми е што сум дел од Брера Холдинг кој работи во целиот свет“, изјавил Стамениќ.
Стамениќ ќе биде одлично освежување за лево-крилната позиција.