Утрехт ја прекина серијата од 17 последователни победи на ПСВ

79

Серијата од 17 последователни победи на екипата на ПСВ од почетокот на холандскиот шампионат беше прекината денеска. Избраниците на тренерот Петер Бош одиграа само нерешено, 1:1 на гостувањето кај Утрехт во меч од  од 18. коло на холандскиот шампионат.

Гостинскиот напаѓач Јоан Бакајоко го отвори резултатот во 7. Минута и се чинеше дека победничката серија на ПСВ може да продолжи. Сепак, домаќините се вратија во 53. минута благодарение на голот на Отман Бусаид.

По 18 кола ПСВ има 52 бода, 10 повеќе од второпласираниот Феенорд.

Претходно„Децата“ кои го залудеа ракометниот свет: Мартим и Франциско ќе му пресудат и на европскиот првак?
СледноТен Хаг повторно сака да купи играч од Ајакс