Шифрин со нова слаломска победа, Хрватката Љутиќ изненадувачки до второто место

103

Легендарната американска алпска скијачка, Михаела Шифрин обезбеди нова победа во Светскиот куп, откако денеска триумфираше на слаломот во словачкит центар Јасна. Хрватската скијачка Зринка Љутиќ постигна фантастичен успех откако успеа да го освои второто место, веднаш зад најдобрата скијачка во светот.

Тоа е најдобриот резултат во кариерата на Зринка Љутиќ, која денеска заостана само 14 стотинки зад Американката. Третото место го освои Швеѓанката Ана Свен Ларсон со заостанување од 81 стотинка зад победничката.

Во поредокот за слалом води Шифрин со 630 бодови, а втора е Петра Влхова (505) која ја заврши сезоната по тешката повреда на вчерашниот велеслалом. Трета е Германката Лена Дур (402). Во генералниот пласман на Светскиот куп, Шифрин има 1209 бодови, а потоа следат Влхова (802) и Швајцарката Лара Гут-Бехрами (789).

ПретходноЕХФ порача: Заборавете ги Волф, Варгас и Ландин, погледнете го Местл (ВИДЕО)
Следно„Децата“ кои го залудеа ракометниот свет: Мартим и Франциско ќе му пресудат и на европскиот првак?