Машката јуниорска репрезентација на Македонија за играчи до 18 години заврши на 4. место во зонските квалификации за ЕП 2024, кои воедно се и Балканско првенство во оваа возрасна категорија. Денеска во мечот за 3. место, Турција славеше против избраниците на Ванче Санев со 0:3 (20-25, 15-25, 16-25). Во првиот сет нашите момци одиграа одлично и успеаја одлично да им парираат на Турците. Во следните два сета противникот беше доминантен. Тоше Ефремов со 12 поени и денеска беше најдобар поентер во нашата сечекција, додека Јован Милев реализираше 8 поени. Филип Петрушевски заврши со 6 поени.