Бразилскиот интернационалец Мартинс Де Паулa Кауан е нов играч на Брера Струмица. Станува збор 23 годишен дефанзивец кој минатата година настапуваше за естонскиот тим Транс Нарва, а претходно има настапувано и во неколку бразилски клубови меѓу кои и за младите на Коринтијанс.
Според информациите Де Паула одлично игра со левата нога. Се одликува со агресивност, добар преглед во одбрамбената линија, стабилност во играта но и со добар скок и се очекува да даде голем придонес во одбраната.
„Одличен прием и се надевам дека ќе имаме одлична соработка и во иднина. Ќе дадам се од себе за да ја исполниме зацртаната цел за ова полусезона. Сакам да помогнам и да постигнеме добри резултати за да можеме како Брера да бидеме повисоко на прволигашката табела“, изјави Бразилецот.