МОК закажа изборно собрание, ќе има нов претседател?

477
Даниел Димевски

Македонскиот олимписки комитет денеска со соопштение информираше дека на 8 февруари е закажано редовно изборно собрание.

Од МОК информираа дека до денеска се пристигнати 5 (пет) барања за Вонредно Собрание и врз основа на тоа Претседателот свикува Редовно Изборно Собрание кое ќе се одржи на 8 февруари 2024 година (четврток), со почеток во 18:00 часот, во спортскиот центар “Јане Сандански“.

Во прилог до членовите на Собранието е испратен и работен како и Записникот од последното редовно Собрание, Дневниот ред и Критериуми за избор на Претседател.

ПретходноШундовски е нов извршен директор на Е. Пелистер
СледноЈуниорите во февруари ќе ги дознаат новите ривали во квалификациите за ЕП 2024