Првиот гренслем за оваа година Австралија Опен во Мелбурн полека, но сигурно влегува во завршницата. Фаворитите се тука на чело со Новак Ѓоковиќ кој како што одминува турнирот игра се подобро и подобро.
Па така утре во четвртфиналето за ривал ќе го има Тејлор Фриц од САД, додека останатите двојки во оваа фаза од АО се Јаник Синер (Италија) – Андреј Рубљев (Русија, меч кој се игра исто утре.
Додека во среда на програмата се мечевите Хуберт Хуркач (Полска) – Данил Медведев (Русија) како и Карлос Алкараз (Шпанија) – Александар Зверев (Германија).
ДВОЈКИ ЗА 1/4 ФИНАЛЕТО
ВТОРНИК:
Ѓоковиќ – Фриц
Синер – Рубљев
СРЕДА:
Хуркач – Медведев
Алкараз – Зверев