Тренерска смена во Ла Лига, Кадиз му врачи отказ на тренерот

70

Кадиз денеска му врачи отказ на тренерот Серхио Гонзалес. Стратегот беше на чело на клубот од јануари 2022 година, спасувајќи го тимот во битката за опстанок минатата година.

„Ова беа неверојатни, прекрасни години, но сè доаѓа до својот крај. Заминувам со чиста совест. Дадовме се од себе, иако тоа не ни донесе ништо. Во фудбалот има многу убави работи, но ваквите моменти се непријатни. Му благодарам на претседателот и на управата, што ни укажаа доверба. Тука се и играчите. Тие се најважното нешто овде“, изјавил Гонзалес на заминување.

Кадиз е на 18. место во Ла Лига со 15 бодови од 21 натпревар.

Пабло Мачин и Маурисио Пелегрино се фаворити за тренерската функција во Кадиз, а и двајцата имаат искуство во Шпанија.

ПретходноХрватскиот бек Јукиќ е ново засилување за Охрид
СледноШампионот утре со прв тест: Дуро ќе прави прва контрола со руски Оренбург